Нова битка по поплавите на Балканот – борба со смртоносните зарази

Од:

По повлекувањето на водите, на Балканот започнува нова битка – борба со смртоносните микроби и инсекти кои шират болести.

Додека водите од најголемите поплави на Балканот во изминатите повеќе од еден век се повлекуваат и ќе се проценуваат штетите, заканата од болести станува една од најголемите грижи за властите. Останаа мрши, бари и многу кал, и голема закана од опасни паразити и бактерии.

Хрватска предупреди за опасноста од епидемии.

– Секоја поплавена куќа треба да биде дезинфицирана како што треба, рече Вељко Ѓерковиќ, епидемиолог од Белградскиот институт за јавно здравје за ДПА.

Всушност, прво мора мршите од животните да бидат отстранети за нивно безопасно горење, и калта да биде отстранета од улиците и инфраструктурата. Властите повторно треба да ги вклучат системите за пренос на вода кои рутински се исклучуваа во поплавените региони. А тоа не е едноставно и ќе треба време, а валканата вода која можеби влегла во водоводните цевки, да биде исчистена и со хлор да се убијат бактериите.

Само по тоа, водата од чешмите може да биде користена за чистење на домовите на луѓето, и тогаш откако ѕидовите ќе се исушат, можат да бидат обработени со бактерицидна вар.

Ѓерковиќ процени дека може ќе треба и два месеци пред луѓето да се вратат во своите домови без страв од инфективни болести.

Но најкритични се две места кои предизвикуваат загриженост – поплавените региони и колективните центри, во кои илјадници луѓе се сместени откако ги напуштиле своите домови.

– Ги следиме колективните центри превенствено од респираторните инфекции, и поплавените региони заради инфективните цревни болести, изјави Ѓерковиќ.

Властите имаа среќа што периодот на големи респираторни инфекции, како што е грипот, веќе помина. Во меѓувреме, периодот на инкубација за болестите кои често се поврзани со загадената вода – тифус, колитис, лептоспироза и хепатит А, изнесува шест недели.

Тие и други болести се пренесуваат преку водата кога ќе се измеша со празнење на канализациите и септичките јами, кои се слеваат и од околните реони, и од мршите со микроби.

– Нема начин тоа да се избегне. Уште сега имаме притисок од луѓето кои сакаат да се вратат во своите домови кога водата ќе се повлече, но тоа може да биде многу неразумно, потенцираше тој.

Но во остатоците од водата се крие уште една опасност – милијардите јајца на комарците кои ќе бидат снесени. Комарците можат да шират тнр. векторни болести, меѓу кои е и западнонилскиот вирус, кој се појави на Балканот во последниве неколку години. „Тоа е друг правец кој треба да го следиме, да извршиме третирање против ларвите и да ја намалиме заканата, рече Ѓерковиќ.

Ларвите на комарците можат да бидат уништени во загадение региони со прскање од авиони или со земјен транспорт.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ