Кошаркарите на Оклахома Сити го добија првиот натпревар на домашен терен (вкупно трет) од финалето на Западната конференција против Сан Антонио и намалија на 2-1 во победи. Тие ноќеска победија со 106:97.
Враќањето во тимот на Серж Ибака, кој најави дека ќе игра на своја одговорност беше најважниот фактор за триумфот.
Ибака поради повреда ги пропушти првите два натпревара, кои Сан Антонио ги доби без поголеми проблеми. Тој постигна 15 поени, имаше 7 скокови и 4 блокади. Расел Вестбрук и Кевин Дјурант заедно реализираа 51 поени (Вестбрук 26, Дјурант 25).
Кај Сан Антонио Ману Џинобили беше најефикасен со 23 поени, а под својот учинок беше Тони Паркер со 9 поени и 4 асистенции.
Следниот натпревар Оклахома Сити – Сан Антонио се игра во вторник навечер, додека вечерва играат Мајами – Индијана (2-1 во победи за Мајами).