Заменикот помошник на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, од Албанија, каде што се наоѓа во петдневна посета, во понеделник ќе замине за Приштина.
Рикер најпрво ќе има средба со косовскиот премиер Хашим Тачи, а потоа и со претседателката Атифете Јахјага, јавија косовските медиуми.
Рикер во Косово престојуваше и на почетокот на годинава.