Драган Марјановиќ, сопственик на рибен ресторан во Арлсија во Велика Британија, сите пари кои оваа недела ќе ги заработи од продажба на компири, ќе ги донира за загрозените од поплавите во Србија.
Марјановиќ целата заработка ќе ја достави до Црвениот крст на Србија за помош на луѓето кои останаа без своите домови.
Овој 34-годишник е роден во Обреновац, а во Велика Британија се преселил пред седум години, но во родниот град останале неговата мајка, вујко и други роднини и пријатели.
-Сакам да соберам пари за луѓето кои ги зафатија поплавите. Тие останаа без ништо и затоа сакам да им испратам барем нешто-рече тој.
Е. Г.