Нетанјаху: Убиствата резултат на антиеврејските чувства во Европа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека трикратното убиство во Еврејскиот музеј во Брисел е резултат на антиеврејските и антиизраелските чувства во Европа.

– Клеветите и лагите против Израел продолжуваат да се слушаат на европско тло како што злосторствата против човештвото и убиствата извршени во нашиот регион систематски се игнорираат, рече Нетанјаху доцна синоќа.

Истиот став го зазеде и израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, кој ги обвини „антиизраелските и антисемитистичките ставови изразени во повиците да се бојкотираат израелските производи“.

Трикратното убиство во Еврејскиот музеј во Брисел длабоко ја потресе Белгија и предизвика силна осуда ширум ЕУ. Полицијата уапси можен извршител, додека по другите се уште се трага.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници