Во Црна Гора денеска се одржуваат локални избори во 12 градови, меѓу кои и Подгорица.
Главната политичка борба се води за главниот град, а главни конкуренти се коалицијата околу Демократската партија на социјалистите, Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија и коалицијата на Социјалдемократската партија и Позитивна Црна Гора.
Досегашната кампања беше со исклучително остра реторика, бидјеќи според аналитичарите од резултатите на претстојните избори ќе зависи и идната политичка мапа на Црна Гора.