Во Скопје натпреварот екс-Југославија против светот?

Од:

Хрватскиот тренер Мирослав Блажевиќ ја поддржа српската иницијатива за хуманитарен натпревар меѓу фудбалерите од просторите на поранешна Југославија и остатокот на светот.

Паричните средства собрани од оваа манифестација ќе бидат наменети за подрачјата во БиХ, Србија и Хрватска погодени од поплавите.

„Ако е иницијативата сериозна, можат да сметаат на мојата помош. Мислам дека ова е добра прилика за таква средба, фудбалерите се хумани луѓе. Нема фудбалер кој не би ја прифатил поканата“, рече Блажевиќ.

Сличен дуел е организиран во Скопје, пред половина век, кога градот беше разурнат од катастрофалниот земјотрес. Средствата беа употребени за обнова на главниот град на Македонија.

Идејата е и овој натпревар да се игра во Скопје, со што би се одбележила годишнината, а постои можност и да се играат три натпревари, по еден во секоја од земјите кои беа погодени од поплавите.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта