Министерството за здравство испрати укажувања до здравствените уставнови за примена на последните измени на Законот за здравствена заштита, а кои имаат за цел унапредување на здравствената заштита на граѓаните.
Измените се однесуваат на докторите кои биле на усовршување во странство, новопримените доктори, здравствените установи каде се извршуваат хируршки зафати, лабораториите и друго.
– Станува збор за шест мерки на кои укажавме до здравствените установи, особено одогорвните лица и здравствените работници, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Првата мерка се однесува на обврската секој здравствен работник вработен во јавна здравствена установа кој бил на стручно усовршување или оспособување должен е во рок од две недели по враќањето да изврши презентација пред стручниот колегиум на новата здравствена метода.
Втората се однесува на догорот на медицина, стоматологот или фармацевтот на терцијарно ниво има право и должност да ги усвои и самостојно да ги користи сите здравствени методи или постапки што се користат во јавните здравствени уставнои во која што е вработен во рок од две години од денот на вработувањето.
– На здравствените устнови им укажавме дека притоа се одвива период на мониторинг и доколку се утрди дека конкретниот здравствен работник не ги усвоил и усовршил здравствените методи и постапки, по сила на закон ќе биде преземен во јавна здравствена установа која врши здравствена дејност на секундарно ниво, рече Тодоров.
Според измените докторите ќе имаат обврска на седум години да воведат и самостојно да користат најмалку по една нова здравствена метода или постапка која што не се користела во установата каде што е вработен.
За нововработените има нови критериуми а тоа е постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии кои ги завршил кандидатот и активно познавање на најмалку еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ, како англиски, германски или француски, а со цел полесна комуникација и унапредување на своите знаења.
Од новите законски решенија, Министерството за здравство укажало и на предвидување постапка за одобрување оперативен план за сите елективни хируршки интервенции.
– Заради спроведување соодветна хируршка интервенција,к а пред се заради давање препораки за начинот на спроведувње хируршка интервенција, во јавните здравствени установи кои вршат болничка здравствена дејност од областа на хирургијата се врши запознавање на стручниот колегиум со опертивниот план за сите хируршки интервенции и со планот за пооделните хируршки интервенции најдоцна еден ден пред денот на вршење на интервенцијата, рече Тодоров.
Тој додаде дека Законот предвидува и примена на начелата за добра лабораториска пракса поради што на здравствените установи кои имаат лабораториска дејност е испратено укажување со обврска за доставување на список на сите испитувања за кои е регистрирана секоја соодветна лабораторија.
– Ова е со цел подготвока и распишување тендер за обезбедување примероци кои ќе бидат доставувани до здравствените установи од кои ќе се гледа дали здравствените установи имаат точни резултати или не, рече Тодоров и рече дека доколку се неточни резултатите може да се одземе и лиценцата.
Во укажувањата е посочен и проектот рурален доктор и обврската на здравствените домови да организират вршење здравствена дејност на примарно ниво на населените места надвор од своето седиште.
– Сите овие измени и дополнувања на Законот, како и начинот на кој ги ефектуираме во пракса и покрај тоа што опфаќаат различни области на здравствената заштита, се насочени кон унапредување на здравствените услуги и подгитнвуње на квалитетот на целокупната здравствена заштита.
Тодоров посочи дека со Законот се предвидени санкции за неприменување на одредбите од Законот.