По повод Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј Градскиот дувачки оркестар денеска во Скопје, во 11:30 часот, ќе одржи концерт на плоштадот „Македонија”.
За оваа саботна музичка променада, пред граѓаните ќе бидат изведени делата: Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Дикси парада, Вашингтон пост марш, 3. Македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички и За сите деца.