Седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини

Од:

За 13 отсто има зголемување на наплатата на данокот за имот во однос на истиот период лани, изјави денеска скопскиот градоначалник Коце Трајановски, на паузата на деветтата седница на Координативното тело на градоначалници на скопските општини.

Трајановски најави дека ќе се диксутира и за состојбите во општина Ѓорче Петров.

Градоначалниците дискутирале и за поставувањето урбана опрема.

– Град Скопје прави план на урбана опрема, кој ќе биде донесен до крајот на јуни годинава. Ќе знаеме за секоја од општините каде може да се поставува урбана опрема и на кои димензии од јавниот простор. Тоа го изготвува и ќе го донесе Град Скопје, во соработка со скопските општини, рече Трајановски.

На дневен ред ќе бидат и урбанистичките планови за градски четврти. Трајановски истакна дека Град Скопје досега донесе четири урбанистички планови за четврти, а уште 12 ќе донесе до крајот на јуни. Најави дека имаат за цел да донесат голем број од овие планови до крајот на годината.

– Имаме проблеми при нивното донесување бидејќи имаме нови законски постапки и процедури. Два пати имавме состанок со министерот за транспорт и врски, а в понеделник ќе имаме уште еден состанок за усогласувањето на постапката, она што значи нивно евидентирање во Катастар. Малку ни се продолжува рокот, рече Трајановски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Трајановски рече дека вчера ја потпишале одлуката за прекинување на втората тендерска постапка за подземната сообраќајница.

– Град Скопје направи студија за решавање на сообраќајот во главниот град, претежно во централниот дел. Направивме основен градежен проект кој чинеше околу 45 милиони денари. Оваа сообраќајница требаше да биде во должина од 1.300 метри, 900 под земја и 400 над земја. Требаше да почнува од пред Владата и да заврши пред новата железничка станица, рече Трајновски.

Потсети дека еден тендер беше објавен во јануари лани кој пропадна, како што рече, со оглед на високите цени.

– Повторно објавивме тендер во ноември 2013 година. Се пријавија поголем број на компании. На крајот, на електронската аукција останаа уште три компании кои ги задржаа високите цени или скоро да немаше спуштање на понудените цени, рече Трајановски.

Посочи дека ќе се обидат да добијат средства за подземната сообраќајница од европските фондови.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски