Кривична пријава за залупотреба на службена положба за директорот на Водовод во Македонски Брод

Од:

Полициската станица во Македонски Брод до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Ф.С(60) од Македонски Брод, актуелен директор на „ЈП.Водовод и канализација” – Македонски Брод за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавениот во периодот од 2006-2013 година како директор на ЈП „Водовод и канализација” – Македонски Брод вршел набавки на опрема и репроматеријали, стоки и услуги за претпријатието спротивно на Законот за јавни набавки, без предходно да формира комисија за јавни набавки и спроведување на постапка за јавни набавки.

Осомничениот, соопшти денеска МВР, тоа го вршел по сопствено убедување и видување при што спротивно на Законот за јавни набавки извршил набавки во вкупна вредност од 6.806.294.00 денари.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски