Фудбалерите на Реал Мадрид со поддршка за поплавените балкански земји

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид предводени од најдобар фудбалери  на светот Кристијано Роналдо ја изразија својата поддршка и солидарност на поплавените во Хрватска, БиХ и Србија.

Фотографијата на која се играчите и тренерот на „Кралскиот“ тим е објавена на официјалната „Фејсбук“ страна на мадридскиот клуб, на која е испишана и пораката „Реал Мадрид сака да ја искаже својата солидарност и поддршка на балканските земји зафатени од катастрофалните поплави кои ги погодија граѓаните на Србија, Босна и Хрватска’’.

Пораката фудбалерите на Реал ја испратија вчера пред одржувањето на првиот тренинг во Лисабон, каде утревечер ќе го одиграат финалниот натпревар во Лигата на шампионите во кој за противник ќе го имаат големиот мадридски ривал Атлетико.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите