Првата тенисерка на светот, Викторија Азаренка и првата фаворитка на US Open, Серена Вилијамс ќе се борат за титулата на „Flushing Meadows“.
Азаренка во три сета во полуфиналето ја елиминира Марија Шарапова со 3:6, 6:2, 6:4, додека Вилијамс беше убедлива против италијанската тенисерка Сара Ерани со 6:1, 6:2.
Досега Вилијамс и Азаренка имаат одиграно 10 меѓусебни дуели, од кои, Американката доминира со 9 победи.
Оваа година ги доби сите три дуели, во финалето во Мадрид, два пати во полуфиналињата на Wimbledon и Олимписките игри во Лондон.