Најмалку четири лица се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во Москва. Како причина за експлозијата се посочува истекување на гас.
Во зграда во дистриктот Кутузовски, во која живеат и соработници на американската амбасада во Русија, одекна експлозија и избувна пожар, јави Гласот на Русија.
Според првичните податоци повредени се најмалку четири лица, меѓу кои и една Американка, која е пренесена во болница со 80 отсто изгореници на телото.
Од зградата се евакуирани десетина луѓе, а спасувачите трагаат по исчезнати во урнатините. Како причина за несреќата се посочува експлозија на гас за домашна употреба.