А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречен шверц на метамфетамин на Деве Баир

by А1он22/05/2014 - 12:2822/05/2014 - 12:35101
Share0

Македонските царински службеници на граничниот премин Деве Баир спречија шверц на метамфетамин.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти Царинската управа, на 20-ти овој месец во 19:50 часот, на граничниот премин Деве Баир  за влез во Република Македонија е пријавено патничко моторно возило со  македонски регистарски таблички, управувано од возачот Р.Б. и совозач Ј.Л. и двајцата македонски државјани. Откако Ј.Л. било селектиран за претрес, од страна на царинските службеници  е упатено кон просторија во која се врши личен претрес. Пред да влезе во просторијата, осомничениот во еден момент се исплашил и од левиот џеб од неговата тренерка фрлил проѕирно најлонско ќесе на подот пред влезната врата од зградата, во кое царинските службеници пронајдоа 96 парчиња таблети со жолтеникава боја и непознат состав, на кои била втисната ознака ,,М”.

Според извршеното вештачење во МВР-Одделот за криминалистичка техника, таблетите претставуваат психотропна супстанца метамфетамин која делува на централниот нервен систем и е класифицирана во листа  на забранети опојни дроги и психотропни супстанци.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово.

Следете a1on на Youtube YouTube

Судијата при надележниот Основен суд Куманово, на претходна постапка на осомничениот Ј.Л му одреди притвор во траење од 30 дена додека  на  Р.Б одредени му се мерки на претпазливост – обврска да се јавува во просториите на Основниот суд Куманово како и привремено одземање на патна исправа.

mvr

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео