(ВИДЕО) Канализацијата пречка за средба со првиот синдикалец

Од:

Лидерот на стечајците Лилјана Георгиевска побара шефот на државата по пет години молчење конечно да се заложи за да се реши проблемот на околу шест илјади стечајци.

Протестот на стечајците започна пред зградата на ССМ каде побараа средба со првиот човек на синдикатот Живко Митрески, но им кажале дека поради проблем со канализацијата во зградата немало кој да ги прими. Георгиевска рече дека од ССМ само пронашле повторно изговор за да не ги примат, иако на паркингот пред Сојузот на синдикати бил паркиран автомобилот на првиот синдикалец.

Според информациите на УНИТ досега со новиот закон обештетни се 1600 стечајци додека здружението кое го води Георгиевска брои 6000.

Протсетот стечајците ќе го завршат пред Владата.

„Законот за стечајци не им успеа. Со полно право ние бараме да заврши оваа делба на стечајците. На почеток бевме околу 10.000 стечајци, сега сме 6.000. Морталитетот е голем, многу стечајци починаа чекајќи решение на нивната голгота“, рече Лилјана Георгиевска.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Ана Ололовска

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

А1он

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска