Податоци на „Викиликс“ за 72 часа ќе предизвикаат смрт и насилство?

Од:

„Викиликс“ има намера да ги објави имињата на државите кои американската Национална безбедносна служба, НСА масовно ги прислушкувала,

иако објавувањето на овој податок би можело да доведе до насилство, па дури и смрт.

Новинарот Глен Гринвалд во весникот „Интерсепт“ објави дека НСА масовно шпионира неколку држави и дека се работи за можеби еден од најинтензивните напади на оваа агенција.

За сега се објавени само Бахамите, кои се дел од таканаречените карипски банковни центри и во кои се наоѓаат околу 290 милијарди долари американски државни хартии од вредност.

Познато е дека Гринвалд има голем број документи, кои ги добил од Едвард Сноуден.

Во „Викиликс“ се лути и разочарани од цензурата на „Интерсепт“, бидејќи не се објавени имињата на другите држави.

Споменатиот весник меѓутоа смета дека тоа би можело да предизвика катастрофа и насилство.

„Викиликс“ вчера на весникот му даде рок од 72 часа да објави ги објави имињата на други држави, или тоа ќе го направат тие.

НСА во овие држави ги собирала содржините од сите телефонски повици, што до сега тоа не беше случај.

– „Интерсепт“ или „Вашингтон пост“ не треба да му ги одземаат правата на еден народ, да дознае дека некој масовно ги шпионира. Не е на нив да одлучуваат како народот ќе реагира на масовно прекршување на нивните права од страна на САД, порачуваат од „Викиликс“ и додаваат дека вистината никому никогаш не може да му наштети.

Со оглед на временскиот рок, кој веќе тече, името на друга држава која НСА ја прислушкува би требало да се дознае пред викенд.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска