Анџелина Џоли донира 50.000 долари за БиХ и Србија

Од:

На службените страници на Црвениот крст е објавено дека Анџелина Џоли донирала 50.000 долари за помош на настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина и Србија.

– Анџелина Џоли продолжува да ја покажува својата посветеност кон оние кои се соочуваат со разни проблеми ширум светот. Неуморна е во обидите за помагање на луѓето кои страдаат и ние сме и благодарни на поддршката, изјави Давид Мелцер од американскиот Црвен крст.

Џоли од своја страна порача дека е трагично тоа еден регион кој видел толку многу судири и уништување, сега да биде погоден од природна катастрофа на овие размери.

– Моите мисли се со сите семејства кои гледале како домовите и животите им ги носи водата и притоа ги изгубиле своите најмили. Особено сум загрижена за непосредната опасаност која претставуваат мините во подрачјата која поплавата ги однесе во Босна. Инспирација е да се видат луѓето од двете земји како ги поддржуваат своите соседи. Време е сите ние да го направиме исто и да помогнеме во опоравувањето, порача актерката.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите