МВР: СДСМ им дава поддршка на групи кои каменуваат, палат и уништуваат

Од:

СДСМ на денешната пресконференција, повторно го покажа своето вистинско лице и удри жестоко по државните институции, ставајќи се во поддршка на поединци и групи кои доаѓаа да каменуваат, палат и уништуваат. СДСМ во ниту еден момент не се стави во одбрана на јавниот ред и мир и не го осуди вандалското однесување на поединци кои немаа намера мирно да протестираат. Напротив цел на нападот на партијата, повторно беа професионалните полициски службеници кои ги ризикуваат своите животи за да не дозволат одреден број хулигани да успеат во своите намери за одмазда и дестабилизирање на состојбата, се нагласува во реакцијата на МВР.

„Благодарение на соодветната полициска интервенција, вчера беа спречени нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем и несакани ескалирања на состојбата и прелевање на инцидентите во соседните општини. Учесниците во неколку помали инциденти и каменувања на полицските службеници беа приведени. Станува збор за вкупно 35 лица, од кои голем дел и од општините Центар, Карпош и Аеродром. Против нив се поднесени пријави по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а за оние за кои ќе биде утврдена основа по целосно документирање на делата ќе следуваат и кривични пријави. При преземањето на активностите вкупно девет полициски службеници (седум припадници на ЕБР и двајца на СВР Скопје) се пожалија на некакви повреди кои не се од посериозен карактер, а беа оштетени и осум службени возила“, нагласуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски