Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана книгата „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ од Стојан Андов.
За најновото дело на Андов, политичар, публицист и прозен автор, ќе говори проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Стојан Андов во последниве десет години по активното повлекување од политиката ги објави мемоарските дела „На мој начин”, „Источни патувања” и „Од мој агол”, како и романите „Стравот и љубовта”, „Кицо американецот” и „Враќањето на американецот“.