Легендата на Индијана Пејсерс, Реџи Милер денеска ќе биде претставен во Куќата на славните во Спрингфилд, заедно со најтрофејниот
тренер во историјата на најквалитетната кошаркарска лига, Дон Нелсон, како и ко-основачот на „Најки“, Фил Најт.
Покрај овие тројца, вечерва во „Најсмит Меморијал“ ќе бидат промовирани уште девет заслужни имиња за кошарката во најбројната група на
лауреати по повеќе од 50 години.
Куриозитет е податокот што Милер ќе и се придружи на својата постара сестра Черил, која е примена во Куќата на славните во 1995 година
и тие ќе бидат единствен тандем брат и сестра во храмот на кошарката во Спрингфилд.
Милер целата своја кариера, поточно 18 сезони мина во дресот на Пејсерси, постигнувајќи во просек по 18,2 поени по натпревар.
Популарниот тројкаш има пет настапи на Олстар викендите, а со селекцијата на САД има златен олимписки медал од Атланта 1996 и светска
титула од Канада две години претходно.