Србија прогласи евакуација на населените места по брегот на реката Дунав

Од:

Штабот за вонредни ситуации на српскиот град Смедерево на брегот на реката Дунав објави денеска почеток на евакуација на околните села, викенд зони и други населени места, јави ИТАР-ТАСС.

Превентивните мерки се поради очекуваното зголемување во следните денови на нивото на реката Дунав, во која се влива реката Сава во близина на Белград. Според временската прогноза, највисоко ниво водата ќе достигне на 23 мај.

Градоначалникот на Белград Синиша Мали изјави дека моментално нивото на реката е 610 сантиметри, што се очекува на 23 мај да достигне 690 сантиметри. Според него главниот град на Србија е добро заштитен од новиот бран на реките Дунав и Сава. Околу 200 општински службеници и 500 волонтери изградиле насип со должина од 650 метри и висина од 1,2 метри по течението на Дунав во Земун.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ