Фудбалската федерација на Македонија денеска испрати пет тони вода за лицата погодени од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.
Заминувањето на А репрезентацијата во Австрија, на чело со селекторот Бошко Ѓуровски, за пријателскиот дуел против Камерун беше во знак на поддршка на најпогодените од поплавите.
Поддршка даде и репрезентацијата до 21 година која моментно е на собир за претстојниот квалификациски дуел против Португалија заедно со стручниот штаб.
ФФМ, како што соопшти, на сите погодени од поплавите со овој гест сака да им даде до знаење дека ќе биде на располагање во наредниот период за каква било логистичка или хуманитарна помош која ќе биде потребна.