ДОМ изрази жалење и сочувство до семејството, роднините и пријателите на младиот Ангел и ги повика институциите на системот што е можно поскоро да го донесат пред лицето на правдата сторителот на овој брутален чин. Од политичките фактори во Македонија очекуваат едногласно да го осудат убиството и да се заложат за смирување на состојбата, која, велат, може да ескалира.
– Како граѓани мораме да покажеме висок степен на толеранција и верба во капацитетите на институциите дека ќе се справат брзо и ефективно со девијантните појави, за што од ДОМ имаат поддршка. Истакнуваме дека и во овие тешки моменти, единствениот пат кој е вистински е оној на правдата, правото и мирот. На агресијата и насилството не смее да биде вратено со насилство и агресија, а чувството на гнев не треба да ја потисне рационалноста на граѓаните, вели портпаролот на ДОМ Тони Ристов.
ДОМ со апел и до медиумите да се придржуваат до етичките стандарди при објавување вести поврзани со овој трагичен случај.