Србија прогласи тридневна жалост поради жртвите од поплавите

Од:

Поради големиот број жртви од катастрофалните поплави во Србија, српската Влада прогласи тридневна жалост на 21, 22 и 23 мај.

Српскиот премиер Александар Вучиќ истакна дека очекува в петок да биде укината вонредната состојба на подрачјето на Србија.

Тој соопшти дека во градот Обреновац досега биле пронајдени телата на 14 жртви на поплавите, лицето од Варварин, кое се сметаше за исчезнато, е пронајдено.

На владината седница Вучиќ истакна дека најверојатно половина од жртвите се удавиле во надојдените води. – Резултатите од обдукцијата јасно ќе покажат за причините за смртта на секое лице, нагласи Вучиќ.

Српскиот премиер додаде дека размерите на катастрофата која ја погоди Србија се десетпати поголеми отколку во останатите земји од регионот, но се надева дека тоа нема да се види и по бројот на жртвите.

Тој истакна дека во еден момент постоело верување оти поради временските услови и намалувањето на нивото на водата во реката Сава се гледа крајот на катастрофата, но нагалси дека сепак се уште постои опасност.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ