Чешка се подготвува во случај на проблеми со испорака на гас преку Украина

Од:

Советот за безбедност на Република Чешка  вечерва ќе ја испитува својата способност за помош на соседите, во случај на проблеми со испораката на гас преку Украина, јави дописникот на МИА од Прага.

– Ние треба да бидеме способни за максимална солидарност со другите земји во регионот, особено кога станува збор за Словачка и Унгарија. Овие држави на испораките со гас преку Украина се високо зависни, изјави денеска премиерот Бохуслав Соботка.

Соботка додаде дека за разлика од некои земји-членки на Вишеградската четворка, В4 (Унгарија, Чешка, Словачка и Унгарија), Чешка е подготвена доколку се појават проблеми при снабдување со гас преку Украина,

Рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела, предупреди дека од јуни ќе ја запре испораката на гас во Европа, ако Украина не го плати долгот кој го има за досега потрошениот руски гас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми