Банката „Креди Свис“ ќе им плати казна од 2,5 милијарди долари на САД

Од:

Министерството за правда на САД соопшти дека втората по големина швајцарска банка, „Креди Свис“ се согласила да им плати на американските власти повеќе од 2,5 милијарди долари казна, откако ја призна вината по обвинението дека им помагала на своите богати американски клиенти да го избегнат плаќањето даноци.

Американскиот секретар за правда Ерик Холдер изјави на прес-конференција дека „Креди Свис“ е првата финансиска институција, која ја признала вината за таквото однесување во изминатите две децении.

Тој додаде дека спогодбата склучена со банката покажала дека ниту една финансиска институција не е над законите.

Со тоа, нагласи Холдер, „Креди Свис“ го задржува своето право да ги продолжи своите активности во САД.

Случајот против швајцарската банка беше отворен по истрагата на сенаторска подкомисија, која утврди дела таа им дала можност на најмалку 22.000 богати Американци да затајат данок од американските даночни власти во износ меѓу десет и 12 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија