Рецитал на Бачевска и Ангелова-Христов

Од:

Во Салонот 19:19 во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва ќе се одржи рецитал на Катерина Бачевска, флејта и Весна Ангелова-Христов, пијано на кој ќе бидат изведени дела од Муќе, Бричалди, Елерт и Моралки.

Катерина Бачевска студиите ги завршува во класата на проф. Страшо Темков на ФМУ во Скопје и продолжува да се усовршува под менторство кај проф. Рафаеле Тревизани во Милано. Магистрира на флејта и како солист и уметник настапува низ светот заедно со реномирани флејтисти.

Избрана е за лауреат на повеќе интернационални натпревари, а ја  држеше и позицијата на прва флејта на Светскиот младински оркестар, со што се здоби со награда за најталентиран и најуспешен студент.

Како солист има настапувано повеќе пати во Македонската филхармонија, Музичка младина на Македонија и голем број рецитали во Македонија, Италија, Швајцарија, Бугарија…

Весна Ангелова-Христов основно и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во класата на проф. Среброва. Дипломира на ФМУ во класата на проф.Борис Романов, а во 2007 година магистрира на ФМУ.

Добитник е на први награди на државни натпревари по пијано. Настапува во Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Франција, Чешка…

Работи во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ како професор по пијано.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска