ВИДЕО: Гугл ја купи апликацијата за преведување „Ворд Ленс“

Од:

Компанијата „Гугл“ ја купи „Квест Вижуал“, компанија што пред четири години ја претстави апликацијата „Ворд Ленс“.

Ворд Ленс е софтвер за преведување на зборови што ја користи камерата на телефонот.

Апликацијата работи така што е доволно камерата од телефонот да се насочи кон одреден текст и истиот ќе биде преведен, без да биде потребно тој да се пишува.

Дополнителен плус е тоа што апликацијата текстовите ги преведува во реално време и во ист кадар. Меѓу другото, апликацијата се труди да го задржи и фонтот и големината на оригиналниот текст, така што се добива впечаток дека текстот е оригинално напишан на јазикот на корисникот.

Гугл планира оваа технологија да ја вклучи во новите верзии на Гугл Транслејт, така што ќе се зголеми и бројот на јазици кои се поддржуваат.

Апликацијата „Ворд Ленс“ моментално овозможува преведување меѓу седум светски јазици: англиски, руски, португалски, германски, италијански, француски и шпански.

Ворд Ленс моментално е бесплатна за иОС и Андроид уреди.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска