Парите од концертот на ѕвездите на „Икс-фактор“ за настраданите во Србија и БиХ

Од:

Дванаесетте финалисти на мегапопуларното музичкото шоу „Икс-фактор“ на 7. јуни доаѓаат во Скопје, на својот прв заеднички концерт, кој ќе се одржи во арената „БорисТрајковски“.

Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Фифи и Урош Трукулов од групата „Доктори“ соопштија дека со нестрпливост го очекуваат концертот во Скопје и веќе се активно ангажирани во подготовките за својот настап. На концертот финалистите ќе ги отпеат најдобрите песните од нивните живи настапи на финалните вечери, а дел од нив на овој концерт премиерно ќе ги претстават и своите први песни.

-Ви благодариме за целата поддршка што досега ја добивме од Македонија. За време на одржувањето на „Икс Фактор“, најголемата поддршка ја имавме токму од Македонија, а и во овие тешки моменти Македонија најмногу помогна. Се извинувам од името на Маид и Армин кои сакаа да бидат тука, но веќе неколку дена се наоѓаат и помагаат во кризните места настрадани од поплавите во регионот. За таа цел и „МБК“ продукција одлучи нашиот дел од средствата од овој концерт, да ги доделиме во хуманитарни цели, со што и на овој начин ќе помогнатсите кои ќе бидат дел од концертот, рече Сандрина Анѓиќ, сопственичка на „МБК Продукција“, која го организира концертот во Скопје.

На концертното шоу на 7 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бројните фанови на регионалното издание на светски популарното музичко шоу „Икс Фактор“ ќе уживаат во заедничкиот настап на финалистите од регионалното издание на ова шоу: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Дел од приходот од концертот на „Икс Фактор“ ќе оди во хуманитарни цели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи