Подрачјето на Босанска Посавина и дел од Семберија деенска се поплавени, а цивилната заштита, граѓаните и спасувачките екипи ја продолжуваат борбата за одржување на преостанатите насипи за да се спречи дополнителното излевања на река Сава.
Најтешка е состојбата на подрачјето на Орашје и Брчко од каде се евакуирани стотици луѓе.
Состојбата во Босански Шамац е делумно стабилизирана иако таму се излеаја реките Босна и Сава, а од градот се евакуирани 2.000 луѓе. Босански Шамац за време на викендот беше целосно под вода. На места водата достигнуваше и до три метри. Градоначалникот на Босански Шамац, Саво Миниќ истакна дека градот е буквално уништен.
Состојбата на територијата на Бијелина и понатаму е сложена, а најкритично е на подрачјето Балатуна, а во некои делови водата достигнува до 1,5 метри, а поплавата се шири. Спасувачките екипи цела вечер го евакираа населението од Балатуна, а помагаше специјализирана екипа за спасување од Велика Британија.
Лизгање на земјиштето имаше во Прњавор во близина на Грачаница.