21 девојка работеле нелегално во гостиварски локали

Од:

Во акција на полицијата и Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчераутро околу 4 часот во угостителските објекти “Бакарди” во Гостивар и “Ориентал Били 97” во Добри Дол, биле затекнати вкупно 21 девојка за кои нелегално престојувале и работеле во земјава.

Според СВР Тетово, акцијата за откривање на лица кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето и нивна евентуална инволвираност во трговија со луѓе,  затекнати се осум странски државјанки (шест од Република Србија и две од Босна и Херцеговина) и 13 од нашата земја (од Скопје, Куманово, Струмица и Кичево).

Странските државјанки на возраст од 23 до 30 години, во објектите биле ангажирани како пејачки, танчерки, келнерки.

По нивното приведување и задржување во Полициската станица Гостивар, тие се предадени на натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, а попладнето седум од странските државјанки депортирани се во нивните матични земји, додека една е задржана во Транзитниот центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина