Издавачката куќа „Богиана“ од Софија објави избор од поезијата на Раде Силјан, насловен „Зло време“.
Препревот на бугарски јазик е на современиот бугарски поет Владимир Луков. Изборот на песните го направи проф. д-р Стефан Влахов Мицов, кој е автор и на предговорот под наслов „Поет, мислител и пророк“.
Во изминатите две децении, 22 книги од Раде Силјан се објавени на повеќе странски јазици – англиски, руски, турски, италијански, полски, српски, албански, бугарски, босански, романски, грчки, унгарски и црногорски.