Најблискиот соработник на шеикот Мухамед бин Заједа го известил претседателот на Србија Томислав Николиќ дека Обединетите Арапски Емирати ќе дадат помош за Србија во износ од 10 милиони долари за да се санираат штетите предизвикани од поплавите.
Ова за Танјуг го изјави вечерва советничката на претседателот на Србија Станислава Пак Станковиќ.
Според неа, претседателот Николиќ ќе упати конвој хуманитарна помош кон општината Крупањ а која е обезбедена од страна на српските компании на повик на претседателот кој лично ќе им ја дели при обиколката на загрозените места.