Португалија официјално излезе од меѓународната програма за спас

Од:

Португалија денеска официјално ги заврши економските ограничувања, кои беа дел од тригодишниот спасувачки план, со што земјата избегна банкрот. Но, претставниците на Европската унија предупредуваат дека треба да продолжи строгата контрола.

Откако Влада во Лисабон денеска повторно ја презеде контролата над финансиите, Португалија е втора земја-членка на еврозоната, по Ирска која се ослободи од економијата и контролата од европските партнери и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои и доделија на Португалија 78 милијарди евра.

Заменик-претседателот на Европската комисија Сијм Калас во Брисел изјави дека за Португалија сега е важно да продолжи со буџетска политика и реформите.

Португалската Влада на денешната седница официјално ја врати контролата над економијата и ја претсатви стратегијата за средорочни реформи.

– Сакаме сите да знаат дека нема да запреме, изјави Карлос Моедас, помошник-државен секретар на премиерот и португалски претставник, одговорен за контрола на примената на спасувачкиот план.

Тој потенцира дека Владата е цврсто решена да продолжи со реформите.

Претставници на ЕК и на ММФ двапшати годишно ќе ја проверуваат состојбата до 2035 година, кога треба да бидат вратени 75 проценти од долгот на Португалија.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија