Новоформираната Доњецка народна република нема да дозволи одржување на украинските претседателски избори на своја територија, изјави денеска нејзиниот премиер Александар Бородај.
– Ние сме Доњецка народна република и имаме право само да одлучиме што ќе биде на наша територија, посочи Бородај.
Тој истакна оти Доњецката народна република се подготвува за припојување кон Русија.
– Нашата индустрија е поврзана за Русија. Ние имаме блиски односи со Русија, економијата на Доњецката народна република на тој начин ќе се развие, истакна Бородај.
Претседателските избори во Украина се закажани на 25 мај.