Во Сремска Митровица прогласена превентивна евакуација

Од:

Општинскиот штаб за вонредни ситуации во Сремска Митровица денеска донесе одлука за прогласување на превентивна евакуација на населението од поединечни делови на градот и од местото Лачарак.

Во тек е и евакуација на населението од Барич, а полицијата проверува дали сите лица се евакуирани. Над Барич надлетуваат хеликоптери, а поголемиот број граѓани ги напуштија домовите, додека домашните животни останаа во дворовите.

Евакуацијата на населението од Барич треба да заврши до 17 часот кога се очекува поплавен бран.

Евакуација почна на населбите Умка и Остружница, кои се наоѓаат на река Сава. Полицијата го затвори патот кон Обреновац односно ком Умка и Барич, а се пропуштаат само автобусите за евакуација на луѓето и механизацијата за борба против поплавите.

Од правец на Барич кон Белград има голема колона на возила односно граѓани кои со своите автомобили се евакуираат.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ