Филмот „Зимски сон“ на Нур Билге Чејлан e фаворит за Златната палма

Од:

„Зимски сон“ на турскиот режисер Нур Билге Чејлан е петтиот филм претставен во официјалната селекција на 67-от Филмски фестивал од Кан, според критиката влегува во потесниот избор за Златната палма, јави дописникот на МИА.

– На колегите на турскиот режисер ќе им биде навистина тешко да се борат со него за Палмата. Ако во „Клими“ тој се задржа од блиску на односот на една двојка во криза, во „Беше еднаш во Анадолија“, следеше полицајци, судија и лекар кои бараат едно закопано тело, ја открива вистината на чувствата, во „Зимски сон“, долг три часа и 15 минути, е вистинска среќа за љубителите на филмот, изјави филмскиот критичарот од „Телерама“.

Во него ги презема сите овие теми и ги прави уште поизразени, посурови. Ајдин е поранешен славен театарски актер, кој веќе поодамна има отворено мал хотел во мал град, меѓу прекрасните пејсажи, скоро застрашувачки во центарот на Анадолија. Тој е оженет со многу помлада жена од него, ја прифаќа својата сестра неодамна рзведена и се однесуав лошо кон своите вработени и гости, без притоа да биде свесен за тоа. Се започнува кога едно дете фрла камен врз автомболиот на овај сопственик кој го понижи неговиот татко. Кога го принудуваат да му ја бакне раката за извинување, детето паѓа во несвест од бес и срам. Тоа има повеќе храброст од сите блиски на Ајдин, кои одамна се простираат пред него. Сестрата на Ајдин е таа која прва отвора оган врз него, потоа неговата сопруга која го потсетува колку пати ја понижил, навредил, уништил. Оваа сцена на порамнување на сметките, кричарите ја споредуваат со тие на Бергман. Односно драматургијата на филмот се споредува со таа на Чехов.

Филмот на Нури Билге Чејлан е вистински естетски, морален и кинематографски шок. Тој успеа само три дена од почетокот на фестивалот да ги воодушеви филсмките критичари, кои на почетокот се двоумеа дали да гледаат еден толку многу долг филм.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“