Црквата „Св.Илија“ во село Стенче во Тетово е ограбена, при што се одземени 600 денари, една икона со ликот на Исус Христос стара околу 150 години, и е оштетена икона насликана во 1869 година.
Според МВР, кражбата се случила завчера од страна на засега непознат сторител извршена е тешка кражба.
Крадецот насилно го отворил прозорецот на задната страна од црквата, по што од дрвено сандаче ги одзел парите, а потоа од олтарот ја симнал едната икона, втората се обидел да ја извади, но не успеал, туку само ја оштетил. Изност на материјалната штета дополнитено ќе биде утврден. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.