Српскиот епидемиолог, доктор Ана Мишовиќ денеска предупреди дека по повлекувањето на поплавите, постои голема веројатност од појава на цревни инфекции.
Таа нагласи дека превентивна мерка во случај на цревни инфекции е пред се одржување на добра лична хигиена пред јадење и при подготвување на храна.
Мишовиќ препорача и децата да не се пуштаат на тревни површини речиси една недела по повлекувањето на водата, се додека земјата добро не се исуши, а пожелно е овие места да бидат и дезинфицирани.