Во Србија поплавени 936 објекти и евакуирани 7.250 луѓе

Од:

Во поплавите во Србија, предизвикани од обилните дождови, до 14 часот под вода биле 936 објекти, а во опасност се уште 1.388 објекти, додека досега се евакуирани 7.250 луѓе, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

На територијата на Општина Обреновац се евакуирани околу 2.510 луѓе, каде во спасувачката акција учествуваат 1.500 припадници на пожарникарско-спасувачката единица, на полицијата, на жандармеријата, на Противтерористичката единица и на Војската на Србија.

По излевањето на река Колубара 90 отсто од Општина Обреновац е под вода.

На територијата на Србија ангажирани се 1.785 припадници на пожарникарско-спасувачката единица со 397 возила, 91 пумпи и 566 чамци и 90 припадници на специјалната антитерористичка единица со 22 возила, четири чамци, четири камиони, еден автобус и две борбени оклопни возила.

Во спасувањето учествуваат и 390 припадници на Жандармеријата со 36 моторни возила и два чамци, 1.755 полицајци и 494 припадници на Војската на Србија со седум хеликоптери, 39 моторни возила, 21 чамец, пет пумпи и пет цистерни.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ