Солистички настап на Дино Имери во Стразбур

Од:

Пијанистот Дино Имери во Стразбур премиерно го изведе „Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери“  каде гостуваше како солист со престижниот Стразбуршки Филхармониски Оркестар под диригентство на Клеменс Шулдт.

Изведбата и делото беа примени со бројни овации и позитивни критики од публиката и јавноста. За пијанистот, француските медиуми изјавија дека тој е „Магионичар на пијаното кој конечно имавме можност да го слушнеме во Стразбур”.

– Огромна е честа која ми беше укажана да гостувам со еден од најквалитетните оркестри во Европа и диригентот Клеменс Шулдт, а особено ми значи овој настап поради тоа што имав ретка можност да го изведам делото од мојот татко Дамир Имери кое беше примено со овации и голем интерес како од музичарите од оркестарот, така и од публиката присутна на концертот, изјави Имери за своето прво гостување со овој оркестар.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска