Најмалку двајца Кинези се убиени, а над сто се ранети оваа недела во антикинеските протести во Виетнам, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
– Кинеската Влада е мошне загрижена од насилството во Виетнам, изјави портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунин.
Таа додаде дека бројот на загинатите и ранети треба да се прецизира.
Хуа истакна дека Кина ќе продолжи да упатува официјални протести против антикинеските акции преку различни канали.
Портпаролката на кинеското МНР го повика Виетнам да стави крај на насилството и да не дозволи негово повторување.