Патријарх Иринеј: Дождот и поплавите се божја опомена поради парадата во Белград

Од:

Во соборниот храм во Белград синоќа се одржа молитва за да запре дождот, на која српскиот патријарх Иринеј ги повика верниците да се молат, со напомена дека дождот и поплавите однеле неколку животи и предизвикале многу проблеми.

Тој истакна дека државата е во голема неволја, со која Господ ги опоменува и повикува на покајание, но и им дава до знаење дека без божјата милост не може да се направи ништо.

-Му се молиме на Господ да ги сопре облаците со дожд и да ни подари сонце. Без неговата милост не може да се направи ништо. Ова не е божија казна, туку само опомена да не одиме по патот на пороците, злобата и беззаконието-рече патријархот.

Тој додаде дека деновиве во Белград се подготвува собир, кој претставува големо беззаконие, со кое се гордеат и го истакнуваат своето достоинство и демократија, а сето тоа е против Господ и законот на природата.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ