Излезе новиот двоброј на „Акт“

Од:

Критички осврт на Венко Андоновски насловен „Духовното око кај Бранко Цветковски“ и „Погледи во поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски“ од Димитар Пандев се дел од содржините во најновиот двоброј на списанието за книжевност и култура „Акт“.

Романсиерот, поет, есеист и критичар Андоновски во својот текст се осврнува на насловната песна од книгата „Молитвен веј„ на Цветкоски, кој за таа стихозбирка е добитник на признанието „Браќа Миладиновци“.

– „Молитвен веј“ е програмска песна на Бранко Цветковски. Тоа е песна која е свртена кон метафоричниот модел на пеење. Уште повеќе тоа е песна свртена кон големата синестезија, кралицата на метафорите, метафората „без шифра“ кон длабоката психолошка мотивација на оној кој „шифрира“… Песната „Молтивен веј“ е вистински празник затоа што она што се кажува (мистичното битие на поезијата и нејзината дијаболична суштина) стои во идеална хармонија со она како се кажува (прекодирање на осетите, зачуденост од прв степен во текстот). Тоа е песна-молитва која подучува дека сакралноста на молителот доаѓа од сеприсутноста на неговите сетила во едно големо, внатрешно духовно сетило, вели Андоновски.

Лингвистот и литературен критичар Пандев пак, во своите погледи кон поезијата на Ѓорѓо Димоски меѓудругото ќе каже дека тоа е поет кој доаѓа од книжевна средина во која особено внимание се посветувало на мислата на зборот и на говорот т.е на текстот на вклученоста на зборот во поетскиот текст. срединашто вели отсекогаш била школа, жариште на поезијата.

– Во една таква средина Славе Ѓорѓо Димовски се профилира како поет на зборот, како поет со чувство за мера и за определба на зборот, вели Пандев.

Во двобројот на „Акт“ поместени се и текст на Иван Ивановски насловен „Поет на драмската сцена“ кој е своевиден омаж на режисерот и педагог Владо Цветановски.
Меѓу содржините кои ги нуди списанието, објавено овој месец, се драмата „Гола вистина“ од Владимир Костов, избор песни од Гордана Хаџипанзова-Јанева, Зоран Јакимоски, како и од книгата првенче на Виктор Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање