Манифестација „Крушево-град на културата за 2014“

Од:

Со концерт на Каролина Гочева, вечер во Крушево официјално ќе биде отворена манифестацијата „Град на културата за 2014 година“.

– Крушево, како 11. град-организатор на оваа значајна културна манифестација, ќе понуди богата културна програма со конкретни квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности на културата, која ќе биде реализирана во установите, на плоштадот во централното градско подрачје, на Крушевското Езеро и споменикот Илинден, соопшти Министерството за култура, покровител на манифестацијата.

Во програмата, во која ќе учествуваат уметници од сите генерации, во текот на целата година ќе бидат презентирани над 60 настани, меѓу кои и традиционални фестивали и манифестации, литературни читања, изложби на реномирани уметници, концерти на духовна музика, промоции и театарски фестивал на млади актери, а ќе бидат одбележани и значајни јубилеи на личности и дела.

– Реализацијата на манифестацијата „Крушево – град на културата за 2014 година“ ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, за достапност на културните вредности до граѓаните, како и за заживување на културата на локално ниво, а ќе се поттикне културниот туризам во регионот, се вели во соопштението.

Манифестацијата ќе ја прогласи за отворена министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Досега домаќини на манифестацијата „Град на културата за 2014 година“, беа Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи