Поглаварот на Српската правиославна црква, патријархот Иринеј денеска оцени дека постојат многу причини за припојување на Репблика Српска кон Србија.
– Тоа не ни било никакви чудо. Тоа е процес кој е веќе започнат. Ако може Косово да се одвои од Србија, зошто и Република Српска да не се одвои од Федерацијата БиХ и да се припои кон Србија, оцени српскиот патријарх во инетервју за магазинот „Недељник“.
Иринеј оцени и дека премиерот на Србија Александар Вучиќ „мора да ја подигне падната српска нација“ и да направи се за да „се стави крај на слабеењето и пропаѓањето“ на српскиот народ.
Патријархот во интевјуто се осврнува и на актуелните случувања во светот оценувајќи дека анексијата на Крим кон Русија немаше никогаш да се случи, доколку „не беше Косово“.
– Насилното одземање на Косово и неговото одвојување од Србија, даде можност тоа да го прават и други. Тоа е грешка на Америка и на Европа што ќе биде скапо платена, смета српскиот патријарх.