Штабот за вонредни ситуации во Ваљево донесе одлука поради излевањето на реката Колубара да се евакуира населението на левиот брег на реката, јави Танјуг.
– Во населбите Илиџи и Колубара упатени се автобуси за превоз на загрозените жители до касарната „Живојин Мишиќ“, каде ќе им биде обезбеден престој, храна и вода, изјави началникот на Одделението за вонредна состојба Милан Михајловиќ.
Евакуацијата се однесува на мајки со деца до 15 години, трудници, болни лица, лица со посебни потреби и лица постари од 65 години.
Загрозените граѓани ќе бидат сместени во касарната, а ако е потребно некои ќе бидат сместени и во училишта.