Промовирана „Антологија на балканскиот расказ“ на Раде Силјан

Од:

Во рамките на јубилејна 15-та литературна манифестација „Илинден“ 2014, во Домот на култура во насeлбата Илинден, во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, беше промовирана книгата „Антологија на балканскиот расказ“ на Раде Силјан.

За ова исклучително значајно дело зборуваше промоторот проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска.

– Велат, расказите се огледало на актуелната состојба, а секој автор поместен во овој избор од Раде Силјан, на свој начин, си ја раскажува својата приказна. Инспирирани од бифокалната перспектива за Балканот-онаа создавана од светот за него, или барем од оној дел на светот кој не доживува нас Балканците како мрачен топос на хаотичност и непросветеност, овие 73 избрани автори во своите 73 раскажани приказни понекогаш отворено ги демистифицираат стереотипите, а многу често допуштаат да победи љубовта, љубовта над и пред се, истакна Мојсова Чепишевска.

Покрај авторот Раде Силјан, на присутните им се обрати и писателот Блаже Миневски.

Со звуците на убавата македонска песна промоцијата беше збогатена со настап на првите дами на македонската народна музика Виолета Томовска и Блага Петреска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска