US Open: Ферер и Ѓоковиќ во полуфинале

Од:

Иако беше блиску до пласман во полуфиналето на US Open, по 4 и пол часа борба, Јанко Типсаревиќ изгуби од Давид Ферер со 6:3, 6:7 (5), 2:6, 6:3, 7:6 (4).

Во најдобриот меч досега на турнирот и Типсаревиќ и Ферер имаа многу шанси да го добијат, но искусниот Шпанец сепак успеа да дојде до второто полуфинале во Њујорк, по 2007-ма година.

Јанко имаше 60 винери и 58 неизнудени грешки, а Ферер 49 директни поени и 44 грешки.

Во другото четвртфинале Новак Ѓоковиќ го победи Хуан Мартин дел Потро со 3:0 во сетови – 6:2, 7:6 (7-4), 6:4.

Српскиот тенисер го забележа шестиот триумф над Аргентинецот во осум меѓусебни дуели.

Ѓоковиќ имаше 43 директни поени и 28 неизнудени грешки, а Дел Потро 25 винери и 33 грешки.

На ред се полуфиналните мечеви меѓу Томаш Бердих – Енди Мареј и Давид Ферер – Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех